Српското признавање на Косово би било јасно решение на патот од темниот тунел кон светлината, напиша на својот фејсбук-профил албанскиот премиер, Еди Рама, пренесува белгардскиот весник „Данас“.
Апелирајќи за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, Рама ја пофали статијата напишана од претседателот Александар
Вучиќ за весникот „Блиц“, во која се истакнува дека внатрешниот дијалог за Косово е од клучно значење за иднината на Србија и на српскиот народ.
„Време е како народ да престанеме да ја туркаме главата во песок, да се обидеме да бидеме реални, да не дозволиме да изгубиме или предадеме на некого она што го имаме, но и да не чекаме да ни биде вратено во рацете она што одамна сме го изгубиле“, напиша Вучиќ во својот пост.
Токму овој цитат Рама го цитира во соопштението на социјалната мрежа.