Четири нови електрични локомотиви ќе пристигнат во Македонија од страна на кинеската компанија ЦРРЦ Џуџоу. Денес беше потпишан договор од страна на МЖ „Транспорт“ и претставници на од компанијата.
Инвестицијата вредна осум милиони евра е обезбедена од Европската банка за обнова и развој, а е во рамки на проектот за обнова на возниот парк. Ова ќе биде втор проект кој ќе се случи меѓу Македонија и кинеската компанија.
„Набавката на четирите нови електрични локомотиви практично значи обнова на возниот парк по 40 години, доближување до европските и светските стандарди, обезбедување поголема безбедност и сигурност во железничкиот сообраќај, поголем број патници, поголема брзина, енергетска заштеда, заштита на животната средина, ефикасно работење и поквалитетни услуги“, истакна генералниот директор на МЖ „Транспорт“, Никола Костов.
Претседателот на ЦРРЦ,Џо Шин Ха, изјави дека Македонија е важна југоисточна транспортна зона и е постојано во нивниот фокус, истовремено заблагодарувајќи се за довербата.
„Нашата компанија ќе обезбеди ресурси и експертиза. Ќе добиете сигурни, безбедни производи со врвни перформанси и прекрасен изглед“, изјави Шин Ха.