3.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Грчки солени гурабии

Состојки: 
– 2 филџани брашно тип 500
– 1 лажица прашок за пециво
– 1/2 лажичка сол
– 1/2 лажичка лук во прав
– 1/4 филџан исчистени маслинки
– 1 фиџан бадемово млеко
– 4 страк рузмарин
– 1 лажица путер
– 40 гр. кашкавал

Подготовка: 
Измесете ги сувите состојки – брашното, солта, прашокот за пециво и лукот во прав. Добро промешајте.
Додадете го бадемовото млеко (незасладено) иситнетите маслинки и свежиот рузмарин.
Додадете го стопениот путер и ренданиот кашкавал (овие две состојки се по желба).
Промешајте добро и обликувајте колачиња со помош на лажица. Ставете ги во тава и печете во загреана на 180 околу 13-14 минути.

На здравје!

поврзани објави

Последни објави