fbpx
2.3 C
Skopje

Јужнокорејскиот претседател удомил напуштен пес

АКТУЕЛНО

Јужнокорејскиот претседател Мун Јејин удомил напуштен пес во својата резиденција „Сина куќа“ за да ја засили кампањата за зголемување на свеста за големиот број напуштени животни во земјата.

Тори, четиригодишен црн мешан пес, стана првиот од засолниште кој доби титула прв пес и се приклучи на другите животни на претседателот, 10-годишниот Мару, корејската раса пунџсан, и поранешната улична мачка Јиинг Јинг.

„Нашето друштво мора повеќе да се грижи за напуштените животни“, им изјави Мун на активистите за заштита на животните и истакна дека во земјата околу 300.000 животни се напуштени. Како и многу други животни, Тори беше избегнуван бидејќи беше улично куче и дека има црна боја, која се избегнува од суеверие.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -