14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Петре Шилегов не ја говори вистината

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска со соопштение ја демантира изјавата на пратеникот на СДСМ Петре Шилегов во врска со Извештајот за ребалансот на Буџетот од Комисијата за финансирање и буџет и синоќешната седница на работата на Законодавно-правната комисија посочувајќи дека тој не ја говори вистината и продолжува со трикови и обиди за класична манипулација.

– Груба невистина и апсолутна лага е тврдењето на Петре Шилегов дека претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Лилјана Кузмановска, вчера по завршувањето на седницата на Комисијата одбила да го потпише Извештајот за десетдневната расправа по реблансот на Буџетот на Комисијата за финансирање и буџет, стои во реакцијата од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

– Сигурни сме дека Шилегов и СДСМ знаат и се свесни дека извештај од десетдневната расправа на Комисијата не е возможно да се подготви за една минута, се наведува во текстот.

Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека спротивно на Деловникот за работа на Собранието, Шилегов како претседател на Законодавно-правната комисија ја закажал и започнал седницата на Комисијата и покрај тоа што Извештајот од Комисијата за финансирање и буџет не бил потпишан од страна на единствениот овластен за потпис, туку тој бил потпишан од страна на пратеници на СДСМ. Тоа, како што се наведува, претставува уште едно грубо кршење на Деловникот за работа на Собранието.

– Очигледно, за СДСМ не е важен ниту Деловникот, не се важни ниту правилата и прописите кои се пропишани со Деловникот, туку важно им е само што побргу да ја завршат целата процедура во врска со ребалансот на Буџетот, со цел македонската јавност да не може да биде сведок на катастрофалната финансиска политика на СДСМ, се посочува во соопштението.

поврзани објави

Последни објави