fbpx
6.8 C
Skopje

Легендата на Барселона Пујол го посоветува Нејмар во врска со потенцијалниот трансфер во ПСЖ

АКТУЕЛНО

Периодов најактуелна фудбалска приказна е потенцијалниот трансфер на Нејмар од Барселона во Пари Сен Жермен вреден 222 милиони евра, а совет во по тоа прашање Бразилецот денеска доби од легендата на Каталонците Карлес Пујол.

Поранешниот дефанзивец на Барселона го повика Нејмар јавно да ја соопшти неговата одлука околу иднината на „Камп Ноу“.  Само на тој начин, според Пујол, ќе се стави крај на шпекулациите.

 

– Не знам што ќе се случи, Нејмар е тој што треба да објасни што сака да направи. Барселона ќе му помогне да донесе одлука, но на крајот тој сам треба да одлучи. Не знам дали сака да си замине, но сега е потешко за играчите да остануваат во клубови – изјави Пујол на промоција на „Хајнекен“.

 

Извор: Derbi.mk

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -