fbpx
8.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: Таравари да престане да прави ПР стратегии и да се фати за работа

АКТУЕЛНО

Неспособноста на владата на СДС е сè повеќе очигледна.  За неполни два месеци владата на Заев дозволи две лица да починат поради нивната негрижа. Заев и Таравари не се потрудија ниту да обезбедат реагенси за дијагноза на болеста, ниту обезбедија карантин, но затоа дозволија уште неколку лица да се заразат, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека преку видео пораки, министерот Таравари признал дека во време на ВМРО-ДПМНЕ пациенти не починувале од ваква болест.

„Таравари ја призна целата негрижа, неспособност и незнаење како да се справи со сериозна здравствена закана по граѓаните во Република Македонија. Неспособноста и неодговорноста на Таравари ја видоа и почувствуваа граѓаните на својот грб. Таравари нека престане да прави ПР стратегии и да праќа честитки од луксузните хотели во Америка и нека се фати за работа. И како министер за здравство да го спречи ширењето на оваа заразна болест во Гостивар и гостиварско“, се вели во соопштението.

Затоа што хаосот што го создаде министерот Таравари, велат од ВМРО-ДПМНЕ, може да ги загрози животите на уште многу лица доколку не се преземат мерки.

Од опозициската партија повторно побараа оставка од Таравари.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -