7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Усвоен Меморандум за соработка за природен гас меѓу Македонија и Бугарија

Владата на вчерашната седница го разгледа и усвои Меморандумот за соработка во полето на природниот гас помеѓу Министерството за економија на Република Македонија и Министерството за енергетика на Република Бугарија.

Во однос на ова Владата, како што соопшти нејзината прес-служба, го овластила министерот за економија да го потпише меморандумот за соработка помеѓу двете земји.

– Како што беше оценето, оваа соработка ќе овозможи нова директна врска помеѓу двата система за природен гас на Република Македонија и Република Бугарија, наведува владината прес-служба во соопштението.

поврзани објави

Последни објави