Новиот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да ти бил кадар на ЛДП. Убава замена му најдоа на Емил Димитриев (кого ако не се лажам, кога стана службен премиер го најавија како ВМРОвец со педигре). Како од кадар на ЛДП (противкандидат на ВМРО-ДПМНЕ на изборите за ССУКМ во 99-та) се станува секретар на ВМРО-ДПМНЕ? Можеби се работи за просветлување? Од левичар стануваш десничар. И обратно. Каде отиде идеологијата во ВМРО-ДПМНЕ? Еден куп прашања со познат одговор, но без објаснување.
Работава веќе е јасна, секој се спасува како што може. Нема место за идеали и политички натпревар на идеи. Тие натпревари одамна се минато. Исто како тв дебатите од времето на Бранко и Љубчо.
Пишува: Стојмен Филипов