Од Авто-Мото Сојуз на Македонија информираа за нови забрани за тешки товарни возила ширум државата.
Од 14:35ч. забранет е сообраќајот кон ГП-Делчево за ТМВ, поради излизгување на ТМВ и блокирање на патот од бугарската страна.Сообраќајот за ПМВ се одвива нормално. Се воведува забрана за тешки товарни возила за патниот правец Кочани-Делчево-граничен премин Делчево во 15.20 ч.Од 15,30 ч. на патниот правец Виница-Берово и Виница-Кочани е воведена забрана за ТМВ, поради обилни врнежи од снег.
Забрани за движење на тешки товарни возила има на планинскиот премин Пресека, како и на крак Маврово – Дебар. Забраната на патниот правец Гостивар-Стража се очекува да биде укината околу 14 часот.
Од 12:20 часот укината е забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Кичево-Стража.