Шпекулациите кои во минатиот период беа актуелни, веќе се и официјални. ФИФА одлучи на Мундијалот во 2026. година да учествуваат 48 репрезентации, наместо досегашните 32 репрезентации.
Како минуваат годините, така се повеќе се зголемува и бројот на учесници на Светските првенства. Од 1954 до 1982 година учество земаа 16 репрезентации, потоа до 1994 година бројот се зголеми на 24 селекции.
Од Светското првенство во Франција во 1998 во Франција, имаше 32 репрезентации и сето тоа ќе остане така и на Мундијалите во Русија (2018) и Катар (2022).
Мундијалот во 2026 година не е познато каде ќе се одигра, но ќе има 48 репрезентации, ќе има 16 групи со три репрезентации. Во следната, елиминациона фаза ќе поминат 32 репрезентации. И покрај зголемениот број на репрезентации, селекцијата која ќе биде шампион, повторно ќе има да одигра само 7 натпревари, идентично како и до сега.