7.8 C
Skopje
Tuesday, November 12, 2024

„ВМРО за Македонија“ најави свои кандидатски листи за градоначалници и советници за претстојните локални избори

Денешната прес конференција е наменета за претстојните локални избори кои според најавите треба да бидат распишани до осми август, а одржани кон средината на месец октомври.

Коалицијата ВМРО за Македонија во периодот што измина донесе повеќе одлуки, меѓу кои, да учествува на претстојните локални избори со свои кандидатски листи за советници и градоначалници во безмалку сите општини на ниво на Република Македонија.

Воедно, меѓу останатите одлуки е и изборот на Републички Изборен Штаб кој што ќе го предводи генералниот секретар на ВМРО-Народна партија, господинот Љупчо Балкоски, а во кој состав влегуваат и коалиционите партнери од Обединети за Македонија и Достоинство.

Истотака, коалицијата ВМРО за Македонија одлучи, да биде отворена за разговори за можни коалицирања со останатите политички субјекти во Република Македонија.

Ја користиме оваа можност на сите граѓани на Република Македонија да им го честитаме претстојниот национален празник Втори август – Илинден, по повод кој делегација од коалицијата ВМРО за Македонија ќе положи венец на спомен обележјето на Илинден.

поврзани објави

Последни објави