4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Близнаковски: Реформи во ВМРО ДПМНЕ се можни само без Груевски

 

„Обично велиме рибата смрди од главата, а не од опашката. Штом главата е останата на чело, тоа значи дека нема да дојде до никакви промени, ниту до демократизација на ВМРО ДПМНЕ. Се додека на чело на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа Никола Груевски, тоа значи дека партијата во низа долги години ќе биде опозициска партија на македонската политичка сцена,“ рече на денешната прес – конференција  членот на ИК на ВМРО Народна партија Слободан Близнаковски.

 

Близнаковски истакна дека коалицијата ВМРО за Македонија го поддржува договорот за добрососедство со Бугарија. Коалицијата информираше дека донеле одлука да учествуваат на локални избори со свои кандидатски листи градоначалници и советници во речиси сите општини.

 

Според коалицијата ВМРО за Македонија договорот со Бугарија е историски и ќе значи отворање на патот на Македонија кон НАТО и Европската унија. Добро е што ќе биде потпишан за Илинден, велат од таму бидејќи така ќе бидат надминати стереотипите дека Бугарија е непријател на Македонија.

поврзани објави

Последни објави