Здружението за заштита на животни, Анима Мунди преку својот официјален сајт информираше дека се подготвени да организираат протест, доколку не бидат ослободени кучињата од Вардариште.
„На овие ниски температури, стационарот Вардариште сè уште работи , без да ги задоволува условите за престој на кучињата -на тој начин таму се мачат и умираат постоперативно поради недостиг на услови и соодветна грижа, како и непрекината епидемии од болести . Еве вака умираат!“, реагираат од Анима Мунди.
Доколку е потребно, тие дополнуваат дека се подготвени да излезат на протест, за кој ќе бидат известени и во европската јавност и бројни интернационални организации.
Во продолжение и видео како изгледа сето тоа:
Да се ослободат кучињата од Вардариште!
Почитувани новинари, На овие ниски температури, стационарот Вардариште сè уште работи , без да ги задоволува условите за престој на кучињата -на тој начин таму се мачат и умираат постоперативно поради недостиг на услови и соодветна грижа, како и непрекината епидемии од болести . Еве вака умираат! https://www.facebook.com/AnimaMundiMacedonia/videos/1288193181236917/ Тоа што Вардариште има греење воопшто не е доволно, а секој совесен ветеринар веднаш би потврдил дека во вакви услови стерилизација не смее да биде изведувана врз бездомни животни кои потоа треба да бидат вратени на улица. Убивањето на животни е континуирано и алармантно, се ловат маалски миленици кои граѓаните не успеваат да ги извадат и за кои се константно залажувани, уценувани и под притисок – повеќе хумани лица ни се јавија со податоци дека по недела дена залажување, кучињата им исчезнале , без образложение и знаеме дека се убиени. До сега имаме поднесено безброј примени но надлежните се и глуви и слепи! Прашуваме до кога ќе се гази хуманоста и достоинството на оние кои се човечни, а задоволуваат барањата на оние кои свирепо, без аргументи сакаат кучињата само да ги снема?! Бараме итно да запре ловењето на кучиња во овие услови и да се остават живи оние кои се веќе таму, да запрат лагите и манипулацијата на граѓаните кои се засегнати и се грижат за животните кои им се заловени, кучињата да им се вратат! Доколку градот итно не повика на прекин на заловувањето , доколку ветеринарите и понатаму убиваат а животните не бидат ослободени ќе организираме протест а за состојбата ќе ја известиме европската јавност и бројни интермационални организации .
Posted by Anima Mundi – здружение за заштита на животни on Tuesday, January 10, 2017