14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Заев: Направивме историски чекор кон иднината, стабилноста и развој на Македонија и Бугарија

Потпишувањето на договорот за пријателство, добрососедство меѓу двете земји покажува дека таму каде што има политичка волја за прогрес, работите ќе се решат. Направивме историски чекор кон иднината, за стабилност и развој на двете држави и балканскиот регион. Овој договор е взаемен успех, политичка стаблизација и кон државите и на регионот на кој припаѓаме. Владата се одреди да води политики на решенија, а не проблеми. Во Владата на Бугарија видовме партнер со исти цели. Ние покажавме одговорност кон нашите граѓани. Ова е пример како долгогодишна кочница може да се претвори во мотор на соработка и развој на регионите. Оваа соработка ќе помогне за подобрување на патната, гасната инфраструктура, размена на стоки и услуги. Овој договор е значајна порака до ЕУ и НАТО: Земјите од регионот имаат политички раководства кои градат мостови поддржани од определено мнозинство на граѓани. Република Бугарија од денеска е уште поголем пријател на Македонија и наш сојузник. Мојот народ денеска има потполно право да биде среќен поради овој чекор кој го направија двете земји, рече Заев.

 

поврзани објави

Последни објави