fbpx
8.8 C
Skopje

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ положи цвеќе пред споменикот на паднатите херои на Мечкин Камен (ФОТО)

АКТУЕЛНО

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ денеска положи цвеќе и изрази длабока почит пред споменикот на Илинденците на Мечкин Камен.

Делегацијата ја сочинуваа, Христијан Мицкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Дијана Транталоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и Златко Перински, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес најпрво на сите граѓани на Република Македонија од името на партиската делегација на ВМРО-ДПМНЕ да им го честитам најголемиот слободарски празник на нашата држава Илинден и во тој спомен денеска дојдовме да положиме букет пред споменикот на паднатите херои на Мечкин Камен, истакна Милошоски и додаде дека тоа го прават денес од неколку причини.

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ пред споменикот на паднатите херои на Мечкин Камен

Прво затоа што сметаме дека овој Илинден е премногу важен, за на истиот да дадеме легитимитет за нелегално избрани функционери. Второ, затоа што имаме огромна чест како партија, која што ги полага своите корени на историското ВМРО, како современа генерација да им одадеме почит на паднатите жртви за Крушевската Република, која што е темел на современа Република Македонија. И трето, ги повикуваме повторно сите наши членови, симпатизер и граѓани кои сметаат дека оваа порака е соодветна да се воздржат од давање на легитимитет на прослави организирани од владата на СДС и ДУИ, затоа што цениме дека можно е со такви некои одлуки кои што го иритираат народот, како одлуката на господинот Џафери да се обрати тука на Мечкин Камен, да се создадат некои услови или некој да смислил некои намерни инциденти кои што можат да ја нарушат честа и достоинството на Илинден, како еден голем македонски слободарски празник, подвлече Милошоски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -