fbpx
2.3 C
Skopje

Делегација на СДСМ во Крушево го одбележа празникот 2 Август

АКТУЕЛНО

Во чест на големиот државен празник, 2 август – Ден на Републиката, делегации на СДСМ положија цвеќе и оддадоа почит на загинатите борци.

Во Крушево, во рамки на државното одбележување на празникот, делегација на СДСМ во состав Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Македонија, Хари Локвенец, пратеник во Собранието на Република Македонија и Бети Рабаџиевска Наумовска, пратеничка во Собранието на Република Македонија, положија свежо цвеќе пред гробот на Никола Карев, пред споменикот на Слива „На хероите на Слива“ и пред споменикот на Мечкин Камен.

По повод празникот, генералниот секретар, Александар Кирацовски, во името на СДСМ денеска упати и честитка до граѓаните.

„Денеска, на овој голем ден оддаваме почит на нашите претци од Илинденското востание и од заседанието на АСНОМ, кои ги поведоа граѓаните кон слобода, независнот и единство и ги поставија темелите на современата, независна и суверена Република Македонија.

Делегација на СДСМ во Крушево

Нивните идеали и жртви за слободна и независна Македонија остануваат како трајно наследство во историјата, паметник во сегашноста и патоказ во иднината.

Идеалите за слободна, демократска и заедничка Република Македонија продолжуваат и денес. Македонија ќе биде слободна, модерна, правна и заедничка држава, рамо до рамо со модерните демократски држави и полноправна членка на Европската Унија и НАТО.

Социјалдемократскиот сојуз, заедно со вас граѓаните, го продолжува патот зацртан со Илинденското востание и заседанието на АСНОМ. Заедно со вас ќе обезбедиме слобода, правда и еднаквост во суверена, демократска, наша Македонија.

Нека ни е честит и вековит 2-ри август, Денот на Републиката“, стои во честитката.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -