После 1945 Македонија станува република во федерација наречена прво ФНРЈ па СФРЈ. Во таа федерација сме морале да живееме и да си ги браниме зениците ока свога и со Србија која кај локалното население овде 10-тина години пред 1945 е врежана како суров окупатор,со најсурова жандармерија српска,со извршен тежок геноцид врз локалното население во Тиквешто и Охридско/Дебарското востание,со насилно врешење на асимилација врз локалното население,менување на свест,презимиња итн Одеднаш преку нојќ се ова тогашните жители на Р. Македонија во склоп на ФНРЈ морале преку ноќ да го заборават на начин на кој тогашната КПМ и КПЈ со тогашните југокомунистички историчари ќе мора да им извршат историско салто-мортале во главите, набрзина да се заборави се што направила Србија овде во периодот 1913/1941 а само Бугарија да е наш вечен крвнички непријател.
Па така се бршат од меморијата кај Македонците Тиквешко и Охридско/Дебраско востание,сите ѕверства што ги извршил Прелич врз младите студенти овде,за што платил и со живот.сите ѕверства на суровата српска жандармерија,па така Тодор Алексадров и Ванчо Михајлов како лидери на ВМРО но во време на српска окупација на Македонија се оцрнети максимално затоа што дигнале оружје и глас против суровата српка окупација на Македонија ама сите оние дејци на ТМОРО,ВМОРО како Гоце Делчев,Дамјан Груев, Никола Карев,Јане Сандански итн пошто не дигнале оружје и глас против Срби и српска окупација освен против отомаската империја се направени позитивен дел од ТМОРО-ВМОРО-ВМРО а Тодор Александров и Ванчо Михајлов се направени негативен дел од ВМРО како континуитет на ТМОРО и ВМОРО. Ете ова е во кратки црти тоа историско салто мортале кое ни го направиле југокомунистичките исотричари овде после 1945 год. И затоа денес сме во тешка заблуда историска кога мислиме дека Тодор и Ванчо се тешки антимакедонци и бугарофашисти ама Гоце и Ѓорче,Гоце кадет во бугарска војна академија во Софија,Гоце учител и директор на бугарско егзархиско училиште во Штип,кој земал плата од државата Бугарија за ова,Гоце која се фатил за кваката на бугарската егзархиска црква и Ѓорче ,,македонистот голем‘‘ кој во времето на убиството е вработен во бугарската влада во емиграцискиот дел и бугарски градоначалник во Драма,денес Р.Грција, Ѓорче учител во бугарско егзархиско училиште и човек кој исто како Гоце ја фатил кваката на бугарската егзархиска црква се позитивен дел од нашата историја ама не убиле српски жандари ама Тодор и Ванчо се гадни бугарски фашисти кој ликвидирале и српски жандари.
Ете ова е во кратки црти нашата историска сага и заблуда сервирана од југокомунистичките историчари после 1945 год. во Р.Македонија,сага и заблуда со која и ден денес сме раскарана и поделена нација,која лесно секој непријтел и надворешен и внатрешен може да ја скрши и распрачи било кога. Доста не делат дворски историчари и ситни манипуланти за ситна проклета пара.Време е да си го знаеме минатото за силно да зачекориме во иднината и во 21 век.