10.8 C
Skopje
Wednesday, November 13, 2024

Ѓорчев: Заев и пратениците на СДС да го поддржат предлогот за зголемување на платите за 5%

ВМРО-ДПМНЕ го повикува министерот Драган Тевдовски како и владата на СДС и Зоран Заев, заедно со пратениците на СДС, да овозможат да го поддржат предлогот за зголемување на платите во јавниот сектор за 5%. Тоа е за војската, полицијата, вработените во здравството, во образованието, во јавните претпријатија на локално и државно ниво односно на општинско ниво, истакна на денешната прес-конференција Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорчев истакна дека бараат да се зголемат платите во Република Македонија за 5%.

-Ветувањата на СДС со кои што дојде на власт за просечна плата од 30.000 денари подразбира секоја година, четири години по ред, секоја година платите  да растат најмалку 10%. А, тука, кога имаме конкретен прв предлог, прв предлог на закон зголемување на платите од 5% тој прелог веднаш се одбива. Не е доцна. На комисијата за труд и социјална политика го изгласавме зголемувањето на платите. Ги надгласавме и прегласавме пратениците од СДС. Сега тој предлог ќе дојде на пленарна седница, вели Ѓорчев.

Таа додава заеднички да се поддржи зголемувањето на платите во јавниот сектор и едноставно да има подобрување на економската состојба во Македонија, јавната потрошувачка и едноставно подобар животен стандард за граѓаните.

Во изминатите години владите на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски покажаа и докажаа дека платите можат да растат, исто така и пензиите. Додека беше ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски и платите и пензиите редовно растеа, а  сега секоја ваква иницијатива во старт е одбиена, додава Ѓорчев.

поврзани објави

Последни објави