Американскиот претседател Доналд Трамп напиша на Твитер дека односите меѓу Вашингтон и Москва се на „досега невидено опасно ниво“.
Вината за тоа тој ја бара во Конгресот кој пред два дена потврди санкции спрема Русија.
– Нашите односи со Русија се на невидено досега опасно ниво. За тоа можете да му заблагодарите на Конгресот, на истите тие луѓе кои не можат дури ни да обезбедат здравствено осигурување, напиша Трамп.
Коментарот е напишан ден откако тој го потпиша законот за нови санкции спрема Русија, акција која Москва ја оквалификува како трговска војна и крај на надежите за подобри односи со Владата на Трамп.