4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Презентација на опремата од вежбата „Dragoon Guardian 17“ пред граѓаните на Струга

Денеска во Струга се одржа презентација на воени возила и опрема на Армијата на Република Македонија и на Армијата на САД во Европа, која е дел од заедничката воена вежба „Dragoon Guardian 17“, а која се одвива согласно програмата за цивилно – воена соработка со локалните самоуправи.
Посетителите на денешната презентација имаа можност да се запознаат со припадниците на двете армии, да поразговараат со нив во однос на професијата, војник, да се запознаат со личното вооружување кое го користат војниците, да ги погледнат возилата и опремата која ја користат инженериските единици при изведување на своите задачи како што се детекција и отстранување на минско – експлозивни средства и воедно да се запознаат со средствата и методите за заштита од атомско, хемиско и биолошко оружје, која ја користи четата на АБХО. 
На денешната презентација во Струга присуствуваа заменик министерот за одбрана, Беким Максути, командантот на полкот за специјални операции, бригадниот генерал, Орце Јордев, високи воени лица од 2от коњички полк, како и претставници од локалната самоуправа.
Во рамки на денешната цивило – воена соработка со општина Струга, се одржа и пријателски фудбалски натпревар меѓу екипата составена од инженериските единици на АРМ и на Армијата на САД и екипата на ФК Струга од Струга.

поврзани објави

Последни објави