fbpx
2.3 C
Skopje

Европската унија воведе санкции за уште тројца Руси

АКТУЕЛНО

Европската унија денеска наметна санкции за уште тројца Руси, меѓу кои и заменик министерот за енергија Андреи Черезов, како и за три руски компании, поради испорака на гасни турбини на Крим.

На листата е и шеф на еден од одделите во Министерството за енергија, Евгени Грабчак.

Нив им е забранет влез во ЕУ,а ќе им бидат замрзнати и сметките кои ги имаат во земјите на Унијата.

ЕУ навела дека на црната листа се компании кои имаат договор со „Сименс“, а кои префрлиле гасни турбини на Крим и така ги прекршиле мерките на ЕУ кои забрануваат деловни врски со било кој во тој дел на Украина кој Русија го анкетираше.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -