fbpx
2.3 C
Skopje

Милан постави интересен рекорд, погледнете што ја чека Шкендија на Сан Сиро

АКТУЕЛНО

Екпата на Милан се врати по неколку годишна пауза на евросцената и веднаш забележа рекорд.

По точно 1243 дена италијанскиот тим повторно настапи во некој од европските купови и веднаш влезе во историјата. Последниот дуел на Милан во Европа беше на 11.март 2014  кај Атлетико Мадрид во 1/8 финалето од Лигата на шампиони.

Пред една недела оваа екипа без многу помпа и скормен ривал настапи во 3.квалификацско коло од Лигата на Европа. На мечот во Романија Милан славеше со 1:0 , но вистинска ерупција се случи на реваншот во Италија, каде победата на “росоњерите“ ја гледаа во живо 65.700 навивачи, што е рекорд во квалификациите од Лигата на Европа.

 

Извор: Sportclub.mk

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -