Изгоре седиштето на хомосексуалната заедница во албанскиот главен град Тирана. Според албанските медиуми, објектот на албанските хомосексуалци кој се наоѓа во близина на Историскиот Музеј на Албанија, изгорел целосно. Полицијата соопшти дека нема повредени лица, ниту пак има информации како бил предизвикан пожарот во седиштето на ЛГБТ заедницата. Дел од албанските медиуми оценуваат дека постои голема можност тоа да е дело на противниците на хомосексуалците во оваа земја .