ПСЖ имаше лесна задача во првото коло од француската лига, „светците“ со 2-0 го победија Амиен, а Нејмар мечот на својот нов тим го следеше од трибини.
ПСЖ ги запиша очекуваните три бода од дуелот со Амиен во првото коло од француското првенство победувајќи лесно со 2-0.
Нејмар немаше право да настапи на денешниот меч, па од трибините го следеше натпреварот и се радуваше на погодоците на своите нови соиграчи.
Резултатот беше отворен во 42. минута кога по одличен центаршут на Алвес, Кавани убаво ја смири топката и ја смести во мрежата на противникот за водство од 1-0.
Конечниот резултат беше поставен на десет минути пред крајот кога по асистенција од Кавани, Пасторе лесно ја смести топката во мрежата на Амиен.
https://streamable.com/xlkjt
Извор: 24Фудбал