Серхио Рамос, капитенот на екипата на Реал Мадрид, во својата богата кариера крена трофеј и во Скопје. „Кралевите“ во Суперкупот на УЕФА го совладаа Манчестер Јунајтед и дојдоа до ново одличје, а Рамос за време на престојот во Македонија доби и одличен подарок.
Македонската компанија „S.ignature“ изработи специјално дизајнирани копачки за фудбалерот, а на денот на натпреварот – му ги подари. Рамос беше воодушевен од гестот, а за подарокот имаше само пофални зборови. Копачките се симбол на Реал Мадрид и Шпанија – едната е во боите на „фуријата“ и позади стои „Фурија роха“, додека втората е во боите на „кралевите“ и е исцртано „Хала Мадрид“.
Во продолжение, погледнете ги фотографиите доставени до Gol.mk.



За Рамос ова беше трет Суперкуп-трофеј, по оние во 2014 и 2016 година во дресот на Реал Мадрид.
Извор: Gol.mk








