23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

РЕЖИМСКИ ЧАКАЛИ

Една стара мисла вели: кога си тргнал на пат, никогаш нема да стигнеш таму каде си кинисал ако застануваш да фрлаш камења по секое куче кое те лае по патот. Ама нашиве медиумски кучиња, оние де што до вчера глумеа борци за демократија и за човекови права од заедничката им школа на бившата А1, во меѓувреме да ти израснале во прави чакали. А со чакалот најлесен начин да се справите е токму каменот. Дури и не мора да мавнете, чакалот, поради неговата подла и плашлива природа, ќе фати штрафта уште пред да ја дигнете раката. Со оглед на тоа што овие чакали во меѓувреме станаа провладини и режимски, ставени подпазувитена аболицираниот ем црпнатиот и неговите криминални батки, и не може да се очекува ништо друго освен злонамерно р’жење секогаш кога нивниот црпнат е засегнат. Не заборавајте дека тој им е стопан, а според нивната полтронска природа за стопан и глава се губи. Ако затреба.

За појаснување, оваа глутница чакали повторно ми се втури со цел заштита на ликот и делото на нивниот газда. И покрај елементарното непознавање на правото за што навистина треба да се срамат, бидејќи некои од нив се сметаат за најизвикани новинарски пера повеќе од две децении во земјата, тие за потребите на црпнатиот и уште неколку изгубени кариеристи околу црпко одлучија да пренесат „ударна вест“ во стилот дознаваме од судските ходници (читај: од полтронските судивчиња што единствен успех во кариерата е да трчаат по ходници и да мавтаат со „сензационалните“ одлуки) дека Каракамишева го изгубила спорот против Заев поради нејзиното разрешување од Одборот за акредитација во високото образование? Греота се луѓево, навистина жал да те фати. Кај поим немаат што е барање за времена мерка и одбивање на истата од страна на судот, а што е тужба за незаконско работење, уште и многу силни да ти биле, ќе ја ставеле професорката на тапет дека ете и таа го изгубила спорот против семоќниот Заев. Гледате колку е нашиот Заев силен и моќен. Тапа невидена.

И сега за тие што малку разбираат право, што значи напишаново не важи за неуките чакали, да појаснам. И покрај тоа што се уште немам добиено ништо од судот, а белким треба прва да дознаам како странка во спорот,Управниот суд одлучил да го отфрлимоето барање за ставање времена мерка до решавање на главниот спор, што значи до носење одлука на судот по однос на донесеното незаконско решение на Заев. Што значи дека судот го одбил барањето за времена мерка, а не и за незаконското решение на Заев. Оттука, Каракамишева не го изгубила спорот како што лупетаат чакаливе, бидејќи спорот се уште е во судска постапка,и што се однесува до мене, таму и ќе остане се додека не го исцрпам и последниот правен лек дома и во Стразбур, бидејќи верувам и знам дека правото е на моја страна.

И тука доаѓаме до клучниот аспект. Зошто на црпко му беше потребен нов дефокус од себе, односно нова медиумска хајка против секого што не мисли како него? Одговорот е многу едноставен. Дефокусот му е потребен како леб затоа што за неполни три месеци успеа да направи вистински карамбол во државата. Успеа да потпише најкатастрофален договор со Бугарија каков што не се памети во поновата македонска историја. На 31 август му доаѓа Коѕиас со конечно решение за името по грчки терк што ќе биде исклучиво во полза на Грција, исто како и договорот со Бугарија. Брзопотезно треба да ја реши и Тиранската платформа, треба да ги испорача сите ветувања. Законот за јазиците е спротивен на Уставот, тоа го потврдија сите експерти по уставно право. Со ваков државен карамбол што го направи околу себе, црпко нема друг спас освен да пушта чакали по луѓе и да испраќа пораки во јавноста колку е божем силен и моќен. Коњот му го натоварија до немај каде, сега самарот мора да му е виновен за се. Но, чакалите се платени да испратат и една друга порака. Пораката до сите оние што се охрабрија да го тужат црпко е дека џабе поднеле тужба против нивниот стопан, дека сите предмети ќе ги изгубат, бидејќи судовите се веќе во нивни раце! Мантрата што ја шират е дека сите заедно збрани под странскиот чадор се ептен кул и ептен со мускули. А мантрата им произлегува од максимата на оној женотепачот, главниот советнички гуру на сите чакали,која одеше вака „вие избркајте ги сите, после они нека тужат“. И иронијата да биде поголема женотепачот стана главен советник за реформи во судството. Тешко и горко на судството. Единствената добра работа е што во советот има многу жени па кога на чоеков ќе му светне некоја луцида интервала ќе им се втури со продавање памет за бубрези. И се ми се чини дека судството ќе ни отиде во бестрага после советите на женомрзачот.

Но, да се вратам на пораката испратена преку медиумите до мене и до сите оние што имаат мака од незаконието што секојдневно се шири од оваа режимска влада. Пораката е да не тужиме, ама јас ве охрабрувам да ги тужиме! Ве избркаа од работа без никаков правен основ само затоа што не сте од нивната партија? Тужете! Семејството ви се гуши со канцерогените гасови, бидејќи имате влада што не знае пожар на една депонија да угаси со месеци? Тужете! Цела држава е во оган поради неспособните кадри напикани во влада? Тужете! Плаќате патарина за автопат на кој возите со 40км на час поради кратерите на асфалтот? Тужете! Никој не ве прашал дали го поддржувате договорот со Бугарија каде не ни признаваат ни македонска нација, ни македонски народ, ни македонски јазик, ни македонски идентитет? Тужете! Никој не ве прашал за законот за јазици каде на мала врата се турка двојазичност на цела територија на држава спротивно на Устав? Тужете! Ви наметнуваат обврски и казни за непочитување на закон што е спротивен на Устав? Тужете! Да, чадорот секојдневно праќа абери дека најголем дел од судовите се веќе нивна сопственост, ама верувајте во правото и во правдата. Таа можеби забавува, ама никогаш не заборава.

Има правни лекови и има право што е посилно од сите нив збрани заедно! Само треба силно да се верува и да се делува ова зло брзо да помине!

Извор: Курир

поврзани објави

Последни објави