6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Трамп на Твитер го нападна лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Мекконел

Американскиот претседател Доналд Трамп ги обнови своите напади кон лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Мекконел, откако се посомнева дека лидерот на мнозинството не може да ги убеди сенаторите да го донесат законот за здравствена реформа, пренесоа американските медиуми.

„Можете ли да поверувате дека Мич Мекконел, кој цели седум години грмеше „укини и замени“, сега не може да се справи со проблемот. Треба да го укинеме и замениме Обамакер“, напиша Трамп на Твитер.

Претседателот неделава остана незадоволен откако Мекконел пред луѓе во својата изборна држава – Кентаки изјави дека Трамп „досега не се занимавал со тоа” и „има прекумерни очекувања колку брзо се случуваат работите во демократскиот процес“.

Како пред, така и по стапувањето на должноста Трамп инсистира на брзо прифаќање на големиот законски проект за промена на здравственот систем во САД.

Портпаролот на Мекконел, Дејвид Поп, изјави дека сенаторот „повеќе пати зборувал за патот кон укинување и замена на Обамакер, во Сенатот, пред медиумите и во Кентаки“.

Сенатот минатиот месец ги отфрли обидите на Мекконел за укинување на законот за здравствена заштита, што беше усвоен под раководната палка на претседателот Барак Обама.

Републиканците во Сенатот имаат мнозинство од 52 гласа, наспроти 48 за демократите.

За законот да биде укинат Мекконел треба да обезбеди поддршка од 50 сенатори од својата партија. При пата-пата гласање решение ќе го даде гласот на потпретседателот Мајк Пенс.

поврзани објави

Последни објави