3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

ВМРО НП со остра реакција за директорските смени во ски центарот Попова Шапка и ЗЗЗ „Хес“ Тетово

Општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија од Тетово упатува остра реакција во однос на неодамнешните директорски промени особено на  ски центарот “Попова Шапка“ и Заводот за здравствена зашитита – “Хес” Тетово со што се остава впечаток дека и овој пат македонците остануваат како монета за поткусурување помеѓу владината коалиција.

 

Општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија од Тетово по којзнае кој  пат доаѓа до констатација дека Охридскиот рамковен договор нецелосно се имплементира и важи само во една насока спротивно на интересите на Македонските граѓани на Тетово.

 

Општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија од Тетово го прашува пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов,  кој воедно беше гласан токму од тетовчани.  За ваква кадровска политика ве гласаа ли жителите Македонци од овој крај и дали ова претставува дел од некаков си демографски притисок со кој би се загрозил опстанокот на Македонците од Тетово и тетовско?

поврзани објави

Последни објави