6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Георгиевски повикува повикува членовите на ДПМНЕ да застанат зад реформи во партијата или поддршката да ја дадат на ВМРО НП

ВМРО-НП му дава целосна подршка на архимандритот Партениј и целото монаштво во манастирот „Св. Јован Бигорски“

ВМРО-НП го повикува раководството на ДПМНЕ и до нив блиските медиуми да престанат да го напаѓаат, омаловажуваат и дискредитираат братството во „Св. Јован Бигорски“, а пред се архимандритот отец Партениј, затоа што на овој начин не прават ништо друго освен тоа што пробуваат да го уништат столбот на Православието во Македонија.

ВМРО-НП му дава целосна подршка на архимандритот Партениј и целото монаштво во манастирот „Св. Јован Бигорски“.

„Изминатиов месец сведоци сме на жестока политичка кампања против Договорот за добрососедство меѓу Република Македнија и Република Бугарија. Овој договор ги разбуди духовите на сите оние „патриоти” кои до последно се надеваа во некаков нов сојуз на Балканот во кој би учествувала и Македонија.

Со потпишување на декларацијата за добрососедство во 1999 година од страна на премиерите Љубчо Георгиевски и Иван Костов односите меѓу двете земји почнаа да се развиваат во нагорна линија. Македонија во време на владеењето на Никола Груевски еднострано без никави причини се откажа од истата декларација. Владата на Зоран Заев во духот на европските вредности и со цел одмрзнување и забрзување на евроатланските процеси на земјава го потпиша договорот за добрососедство со Република Бугарија и со тој историски потег ја ослободи Македонија од оската Север-Југ. Договорот беше поздравен од САД, ЕУ, НАТО, Германија, Англија, Франција како и други држави од цивилизираниот свет“, се наведува во реаквијата на ВМРО-НП.

ВМРО-НП се обраќа и до оние членови на ДПМНЕ кои тврдат дека ги поддржуваат идеите на историската ВМРО, да застанат зад идејата за реформи во партијата или во следниот период својата поддршка ја дадат на ВМРО – НП.

„Последниве неколку дена сведоци сме на една безумна кампања против игуменот Партениј и монашкото братство на Бигорскиот манастир, поради нивниот јасно изразен став за поддршка на добрососедството меѓу двата народа и држави. Во оваа валкана кампања се вклучија порталите на водечките перјаници на бившиот режим, како и „интелектуалци“, историчари и загрижени „патриоти“ кои единаесет години беа на платен список на истиот тој режим што „патриотски“ ја пљачкаше Македонија.

Наспроти тоа, Владата на Никола Груевски со пари од македонските граѓани возобнови повеќе споменици (Зебрњак). Некаде пред 100 години архимандрит на манастирот „Св. Јован Бигорски“ е отец Партениј, кој заради неговото одбивање да богослужи на туѓ јазик е обезглавен од еретици облечени во црковна облека и неговото тело е фрлено во реката Радика. Жално е што МПЦ после толку години не смогна сили овој свештеномаченик во верата Христова да го канонизира за светец. Денеска по игра на случајноста еден друг архимандрит Партениј на истиот Бигорски манастир одново е нападнат од недобронамерниците во Македонија, под закрила на ДПМНЕ. Историјата се повторува, само што сега масакрирањето не се врши со ножеви, туку преку социјалните мрежи и порталите финансирани од ДПМНЕ. Оваа партија за жал избра да оди докрај во борбата против Договорот за добрососедство со Бугарија и во таа борба не се поштедени ни свештениците“, се додава во реакцијата на ВМРО-НП.

поврзани објави

Последни објави