35.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

Димовски: СДСМ не се откажаа од идејата да носат антидржавен закон за двојазичност на цела територија на Република Македонија

Колегите од СДСМ конструктивно се откажа од дискусијата за разрешување на Марко Зврлевски, но исто така колегите од СДС конструктивно се откажаа од дискусијата за информацијата за пожари, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на денешното продолжение на собраниската седница за разрешување на јавниот обвинител.

Конструктивно се откажаа од отворената дискусија со договорот со Бугарија,  одбегнуваат да дискутираат за плановите на Владата на Република Македонија за населување на неколку десетина илјади мигранти и делење на државјанства на мигранти.  Конструктивно се откажаа од иницијативата да дискутираме за проблемот со депонијата во Струга, од идејата да дискутираме за продолжување на породилното отсуство,  од идејата да дискутираме за зголемување за 5% на платите на вработените во армија, полиција здравство, образование, истакна Димовски.

Димовски додаде дека пратениците од СДСМ не се откажаа од идејата да ги сменат сите директорски позиции во Република Македонија,  од идејата да ги кршат законите кога назначуваат в.д. раководители надвор од институциите и дека во градовите низ Македонија има преку 500 спротивни на закон назначувања.

– Не се откажаа од идејата со антидатирања  да назначуваат лица и во  неделата после распишување на изборите.  Назначуваат лица за раководители на институции една недела после распишување на изборите и ги антидатираат документите на  5-ти август и претходно заради тоа што дека членот 8-а важи за сите. Тоа прашање еден ден ќе се отвори зошто  сите документи се антидатирани, рече Димовски.

Димовски исто така потенцираше дека СДСМ  воопшто не се откажаа од идејата да снема 177 милиони евра од државните девизни резерви и дека не се откажаа од идејата за 101 милион да го зголемат задолжувањето на Република Македонија, а утре е планирано ново од 44 милиони.

– Не се откажаа од идејата македонскиот јазик да биде понижен и ставен како јазик од втор ред при вчерашната прослава, не се откажаа од идејата да носат антидржавен закон за двојазичност на цела територија на Република Македонија, нагласи Димовски.

поврзани објави

Последни објави