Началникот на Генералштабот на американските вооружени сили, генерал Џозеф Данфорд изјави дека САД се подготвени целосно да ги искористат своени воени капацитети, со цел да се одбранат себе си и своите сојузници од севернокорејските провокации.
Тој за време на средбата со високи офицери на јужнокорејската војска и претседателот на државата Мун Џае-ин истакна дека дека ракетната и нуклеарната програма на Пјонгјанг „претставува закана за целата светска заедница“.