30.8 C
Skopje
Friday, June 21, 2024

10-те омилени комплименти на мажите

Секој од нас понекогаш има потреба од пофалби за да се чувствува подобро. А мажите не секогаш добиваат доволно такви… Едно е да му кажете „Благодарам што ме доведе до станицата“ а сосема друго е да му ја „погалите со пердув“  душичката ? .
Погледнете ја листата на комплиментите кои жените е убаво да ја користат:

1. Неговата облека 
Понекогаш мажите вложуваат многу напор во тоа како да изгледаат убаво. Некои од мажите сакаат да бидат забележани… Еден добар збор за неговата нова јакна сигурно би му го поправила денот.

2. Неговото тело
Ако вашиот партнер спортува активно ќе му биде пријатно да му кажете комплимент за тоа колку добро е обликувано неговото тело. Нели сепак затоа се препотува во салата ? .

3. „Кога се возам со тебе во автомобил се чувствувам многу сигурна“
Ова е еден од оние искази кои го изненадуваат увото. Велејќи го тоа, ќе му предизвикате вистинско задоволство. Ќе се претстави како вашиот витез, а вие ќе бидете неговата прекрасна дама.

4. Мириса добро
Има ли нешто посексипилно од тоа до вас да помине некој маж кој мириса пријатно? Нема! Хармонизираната комбинација од лосион за после бричење, дезодоранс и мирис на сапун си заслужуваат комплимент!

5. Колку си позитивен!
Мажите сакаат да знаат дека со нешто се интересни на другите луѓе околу себе (особено на жените). Нивниот најголем страв е дека ќе бидат здодевни и неинтересни во еден разговор.

6. Тема пенис
Мажите често се жалаат на тоа дека не слушаат доволно убави зборови за своето машко достоинство. Еден позитивен комплимент би влијаел на сексуалниот живот, бидејќи ќе ја подигне неговата самодоверба.

7. Колку си паметен!
Мажот е едно големо его, кое има потреба често да биде галено ? .

8. Возачки способности
Иако размислувањето за жената возач е еквиваленто со „инвалид-водич“ и се разбира тоа е тешка глупост, сепак можете да го „почеткате“ за тоа колку убаво паркира.

9. Точност, го почитува ветеното
Најважно за еден маж, освен другите наведени точки е точноста. Ако вашето момче го почитува кажаното, не двоумете се да го наречете вистински маж.

10. Ти можеш сè!
Мажите сакаат кога нивните партнерки веруваат во нивните способности.

Јавно

поврзани објави

Последни објави