„Светците“ ќе треба длабоко да брцнат во џебот доколку сакаат да го ангажираат Килијан Мбапе, младиот Французин ќе го чини ПСЖ неверојатни 400 милиони евра
Откако ПСЖ минатата недела го режираше најскапиот трансфер во историјата и го донесе Нејамр од Барселона за 222 милиони евра, клубот од Париз сега подготвува нова трансфер бомба.
„Светците“ сакаат по секоја цена да го победат Реал Мадрид до потписот на Килијан Мбапе, па младиот Французин ќе ги чини неверојатни 400 милиони евра доколку се соберат сите исплати.
ПСЖ на Монако ќе треба да му плати 180 милиони евра, како и уште 20 милиони во бонуси.
Килијан Мбапе ќе добије премија од 35 милиони евра, плус и шест годишен договор со нето плата од 12 милиони евра по сезона, со што целата зделка ќе изнесува околу 400 милиони евра.
24Фудбал