Претседателот на САД, Доналд Трамп го пофали денеска севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун поради одложувањето на одлуката за истрелување ракети кон американската територија Гуам и намалување на тензиите меѓу двете земји.
– Ким Џонг-ун од Северна Кореја донесе многу мудра и разумна одлука, напиша Трамп на Твитер.
Според него „алтернативата истовремено би била катастрофална и неприфатлива“.
Севернокорејскиот лидер ја одложи одлуката за истрелување ракети во правец на американската територија Гуам, и одлучи да види што прво ќе направат САД, соопштија севернокорејските медиуми.