12.8 C
Skopje
Friday, May 23, 2025

ДЕМАНТ ВО ВРСКА СО СОДРЖИНА ОБЈАВЕНА НА ПОГЛЕД

 

Во написот “Претседателот на УМС на ВМРО ДПМНЕ од Македонски Брод поднесе кандидатура за независен градоначалник“ објавен од нашиот портал и истиот повлечен после извесно време беа објавени содржини кои беа демантирани лично од засегнатата страна – Влатко Стојаноски. Истиот тврди дека објавената информација не одговара на вистината и ние истата ја повлековме со потвлекување и во самиот текст дека информацијата е непроверена и неофицијална односно истата е превземена од социјалната мрежа Фејсбук. Ја користиме приликата да се извиниме на засегнатата личност и потвлекуваме дека на истата и беше дадена можност самата да ја објасни содржината објавена на порталот, а превземана од социјалните мрежи. Господинот Влатко Стојановски ја одби таа наша понуда а ние од наша страна го објавуваме следниов демант со извинување до него.

поврзани објави

     

Последни објави