21.8 C
Skopje
Tuesday, July 23, 2024

Османи: Фондациите Конрад Аденауер и Фридрих Еберт може да помогнат во изградба на консензус за прашањата за евроинтеграциите

Во рамките на посетата на Берлин, Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари поединечни средби со Александар Калвајт, раководител за меѓународна соработка при фондацијата Фридрих Еберт и со Ларс Хансел, раководител на Одделот за Европа при Фондацијата Конрад Аденауер.

На средбите, Вицепремиерот Османи размени мислења со претставниците на фондациите околу политичката состојба во Македонија, како и можностите за унапредување на граѓанското општество, институциите, социјалниот развој, меѓуетничките односи, човековите права, приближувањето на македонското општество до вредностите не Европската унија итн. Османи посочи на долгогодишното присуство во Македонија на фондациите, преку кое е изграден нераскинлив дел со политичкиот и општествениот развој на Македонија.

Во продолжение, Вицепремиерот Османи ги запозна претставниците на Фондациите за новиот политички импулс во Македонија, фокусот кон европските и евро-атлантските интеграции на новата Влада, имплементацијата на Планот 3-6-9, како и новиот политички моментум создаден по потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија, како и усвојувањето на новиот предлог-закон за јазиците. Во таа насока, Османи побара и од двете фондации, да се вклучат, со својот авторитет и експертиза, како во асистенција на Владата при имплементација на реформите, така и директно кај политичките партии од сите страни на политичкиот спектар, особено за прашањата за кои е потребен консензус.

Вицепремиерот задолжен за Европски Прашања Бујар Османи имаше работна посета на Берлин, каде се сретна Државниот министер за Европа, Михаел Рот, како и со повеќе високи претставници на Германската држава, претставници на влијателни невладини организации и тинк-тенкови. На средбите, Вицепремиерот Османи ги преставува политичките состојби во Република Македонија, а од германските претставници побара поддршка за нашите европски и евро-атлантски аспирации.

поврзани објави

Последни објави