23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

АМСМ: Укината забраната за сообраќај Кочани – граничен премин Делчево

Авто-мото сојузот на Македонија информираше дека е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила Кочани – граничен премин Делчево, која стапи на сила уште вчера во текот на денот.

И натаму забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци: крак Маврово – Дебар, од 09:10 часот воведена е забрана за ТМВ на превојот Ѓавато а од 10:30 часот воведена е забрана за сообраќај на ТМВ и на планинскиот премин Плетвар, каде за останатите возила задолжително е користење на зимската опрема.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

поврзани објави

Последни објави