35.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

Таравари: Нема повеќе да се користат сини картони за на лекар, доволна е само лична карта

Од денеска нема да се користат сини картони при одење на лекар, соопшти министерот за здравство, Арбен Таравари, на денешната прес-конференција.

– Имав средба со двајцата директори на Фондот за здравствено осигурување, со претставници на „Мој термин“ и со претставници на приватните доктори. Заеднички донесовме одлука во врска со прашањето што да се прави без електронските картички.

Проектот е почнат во 2010, а картичките се користат од 2012 година. Тие картички воопшто не се користат и така ќе продолжи додека не најдеме поинакво решение. Сини картони нема да бидат потребни, лекарите можат да го проверат статусот на осигурување на лице место и ако се во зелено значи се в ред, ако е црвено значи не се осигурени, рече Таравари.

Тој потенцира дека од денеска нема да се бара од пациентите да носат син картон, потребна е само лична карта и електронската картичка. Таа на многумина сè уште им важи. Министерот истакна дека веќе се прават планови за изнаоѓање долгорочно решение за проблемот.

– Размислуваме за многу подобро решение, сè уште го бараме најрационалното решение за сите граѓани и за сите пациенти. Во наредните недели ќе разговараме со експертите и ќе дојдеме до најдобрата опција – рече министерот за здравство.

Одговарајќи на новинарски прашања Таравари рече дека за проблемот со електронските картички виновен е тој што нарачал картички со чип кој истекува на пет години.

– Зошто направиле така, треба да се истражи. Бараме нов начин, можеби со картички кои ќе важат 10 или 20 години. Не е јасно и зошто воопшто се пуштени во оптек сините картони, рече Таравари.

поврзани објави

Последни објави