fbpx
6.8 C
Skopje

Новинарка на ТВ Стар сексистички нападната од градоначалникот на Берово

АКТУЕЛНО

Градоначалникот на Берово, Драган Наџински сексистички ја нападна новинарката на ТВ Стар, Даниела Такева, пишува веб-порталот „Исток прес“.

„Оваа e неписмена. Незнам каква награда добила но знам кој и ја доделил. Таа е новинарска проститутка ништо повеќе. Сега знам за овој мој коментар ќе напише нешто лошо за мене или за Берово, но се навикнавме, не е страшно, ја прочита народот“, напишал Наџински.

Даниела Такева на крајот од годината беше избрана за најдобар новинар на истокот од страна регионалниот центар на новинари „Исток“. Такева е дописник и за неколку други медиуми, покривајќи го теренот од Берово, Делчево, Пехчево и Македонска Каменица.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -