11.8 C
Skopje
Friday, November 1, 2024

Марјан Ристески осуден за несовесно работење на парична и условна затворска казна

Основниот суд во Прилеп го осуди градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески со парична казна од 36.900,00 денари.

Ристески е осуден поради сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“, а е по кривични пријави од  адвокатот Жарко Стеваноски.

Тој ќе мора како надомест  на штета на општината  да ѝисплати 238.750,00 денари.

Ристески е прогласен за виновен затоа што  како службено и одговорно лице  со несовесното постапување во вршењето на службата   не обезбедил правилна и законита заштита на сопственоста на општината.

поврзани објави

Последни објави