25.8 C
Skopje
Friday, June 21, 2024

Ердоган со повик до Турците во Германија да не гласаат за трите главни партии

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика Турците кои живеат во Германија да не гласаат за трите главни партии на изборите што треба да се одржат следниот месец.

– Не правате грешка со давање поддршка за нив. Не за ЦДУ, не за СДП, не за Зелените. Тие сите се непријатели на Турција, нагласи Ердоган по петочната молитва во Истанбул.

Во следниот месец во Германија ќе се одржат избори на кои канцеларот Ангела Меркел ќе бара четврти мандат. На изборите право на глас имаат една третина од три милиони турски имигранти во Германија.

поврзани објави

Последни објави