7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Шехтански: Во Делчево реализирани голем број на проекти од огромно значење за сите граѓани на општината

Во изминатите 4 години, со многу залагање и одговорно работење, со работа која што носи подобро, во општина Делчево реализирани се голем број на проекти од огромно значење за сите граѓани на нашата општина. Реализирани се значително најголем број на проекти како по квантитет,  така и по квалитет коишто во огромна мера го подобрија стандардот на живеење во општината, истакна градоначалникот на општина Делчево, Дарко Шехтански, кој денеска даде отчет за сработеното.

-Голем број од проектите се од програмата 2013- 2017 со којашто ја баравме вашата доверба на минатите локални избори. Исто така голем е и бројот на проекти кои што се реализирани во соработка со  месните и урбанитезаедници, на барање на  нашите сограѓани. Со средства од буџетот на општина Делчево, од владата на РМ, прекугранична соработка, и други донации во општина Делчево реализирани се проекти во износ поголем од 400 милиони денари. Oколу 205 милиони денари се наменети за изградба на 43 нови и реконструкција на постоечки улици ипатиштасо вкупна должина од 30 километри. Овде посебно треба да се спомне реконструкцијата на регионалниот пат Делчево – Голак во должина од 12.2 километри, во соработка со Владата на РМ, со што е овозможено враќање на стариот сјај на некогашниот рекреативен и туристички центар, планината Голак, рече градоначалникот и додаде:

Исто така изградени и реконструирани се :

  • локалниот пат со кој се поврзуваат селата Стамер- Град- Вирче во должина од 3.2 км;
  • локален пат село Очипала – село Драмче во должина од 2.6 км;
  • локален пат кон село Косово Дабје во должина од 2.4 км;
  • локален пат на делница село Трстија – селоТурија во должина од  1 км;
  • локален пат во село Нов Истевник – Балабанско маало;
  • локален пат во село Драмче – Димовско маало.

Изградени иреконструирани се голем број на улици во градот од кои позначајни се:

  • реконструкција на улицата Кирил и Методиј, дел од улиците Пере Тошев, Велко Влаховиќ и Рударска и изградба на два крака на улицата Разловечко востание во населбата Милково Брдо;
  • реконструкција не дел од улицата Методи Митевски – Брицо и улицата 4 Јули кај Здравниот дом во Делчево;
  • реконструкција на дел од улицата Кеј на Брегалница и дел од улицата Индустриска, изградба на дел од улицата Илинденска и крак од улицата Плачковица, во населбата III Реонво Делчево;
  • реконструкција на улицата Н.Ј.Вапцаров во централното градско подрачје, со доизградба на повеќе нејзини делови и пешачки патеки;
  • изградба на дел од улицата 8 Септември во населбата I Реон;
  • реконструкција на дел од улиците Кузман Јосифовски -Питу и Мито Хаџивасилев- Јасмин како и изградба на пристапна улица на улицата Видео Смилевски – Бато во населба Стар Расадникч
  • изградба на делови од улицата Чифличка во населба I Реон и рехабилитација на дел од улицата Голачка;

-Во тек е реконструкција на улиците Питу Гули во населба Милково Брдои улицата Светозар Марковиќ во централното градско подрачје,  а деновиве очекуваме да започне реконструкцијата на улицата Маршал Тито исто така во централното градско подрачје.

Позначајни изградени улици во руралните места во општината се:

  • изградба на три нови улици во село Звегор;
  • изградба на три нови улици во село Габрово;
  • изградба на две нови улици во село Разловци и ревитализација на главната улица во центарот на селото;
  • изградба на нова улица за жителите на село Вирче;
  • изградба на нова улица во село Тработивиште;
  • изградена е пристапна улица П-12 и дел од улица бр.2 во населба Звегорска река;

Изградени и реконструирани се повеќе спортски терени:

  • мултифункционален спортски комплекс во дворот на ООУ„Ванчо Прке“ со реконструкција на мултинаменско спортско игралиште со трибини и осветлување за вечерно користење, изградба на нов тениски терен, изградба на нов фудбалски терен на трева, ново игралиште за одбојка и фитнес со средства од буџетот на Општина Делчево
  • изградено е двојно тениско игралиште кај градскиот стадион со средства од Агенција за млади испорт.
  • Изградба и уредување на нов парк покрај кеј на река Брегалница во населба Ново Делчево на површина од 9.000 квадратниметри во коишто се изградени ново детско игралиште, паркинг, тротоар и фитнес зона
  • Изградба и уредување на регулирано речно корито, гумена преграда со реконструкција на каналски систем во централното градско подрачје и изградба на рекреативна пешачка патека
  • За најмладите во општината изградивме неколку детски игралишта, ја реконструиравме постоечката детска градинка и изградивме уште 450 м2 нов капацитет за сместување на уште 100 дечиња со имплементација на енергетско ефикасни мерки и остварена значителна заштеда за затоплување на овој објект.
  • Во двете основни општински училиштасо цел подобрување на енергетската ефикасност променети се кровната конструкција, вратите и прозорите,
  • во СОУ „М.М. Брицо“ проширени се капацитетите со изградба на 6 нови училници со што е овозможено едносменско работење и значителна заштеда за затоплување на просториите.

Во изминатите четири години работевме на подобрување на квалитетот и проширување на мрежата за улично осветлување како во градот така и во руралните средини. Со средства од ИПА фондовите ги менуваме постоечките светилки со диодни,го зголемивме бројот на светлечки тела од  постојните 1000 на околу 1400.

Изградени се над 14.5 км на водовод и канализација во вкупен износ од 38.5 милиони денари. За прв пат во Општина Делчево започнавме интензивно изградба на атмосверска канализација. Изградена е главната одводна линија долж на улиците Питу Гули, дел од Ѓорче Петров и Вера Јоциќ, со што ги решаваме долгогодишните проблеми со атмосверските води на жителите во населбата Милково Брдо.

Исто така изградена е делница од атмосверска канализација за централно градско подрачје покрај улицата Светозар Марковиќ.

Овие реализирани проекти се наш завет за иднината на нашата општина.

Вака постигнат успех изразен низ факти и бројки претставува солидна основа за понатамошен интензивен развој на нашиот град и сите рурални населени места.

Од свое лично име сакам да ја изразам својата огромна благодарност на поддршката и интензивната соработка со сите граѓани во изминатите четири години.

Сите вие имате значајна улога во овие остварени проекти за сите граѓани на Делчево.

Ваквата практика на одговорно, транспарентно и посветено работење на општинската администрација и сите локални институции мора да продолжи да се движи по нагорна линија и во иднина.

Сите заеднички како и досега, преку наша секојдневна работа која што носи подобро за граѓаните на Делчево и сите рурални места во општината, да овозможиме стабилен и одржлив развој на општината како заеднички партнерсо сите општини од Република Македонија во интерес на сите нејзини граѓани.

поврзани објави

Последни објави