Mon. Oct 2nd, 2023

Откако во изминатите неколку дена на удар на криминалците беа спортските обложувалници, се чини сега дојде ред и на казината.

Денес, рано утрово во 05:15  часот во Битола  на ул.„Климент Охридски“, поточно во казино „Слот“ две непознати лица маскирани и вооружени со пушка, извршиле разбојништво над вработената. Во гравежот двете лица одзеле сума на пари од околу 100.000 денари, по што го напуштиле местото на настанот.

МВР за случајот истакна дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите како и целосно расчистување на случајот.

By s.s.

Leave a Reply

Your email address will not be published.