По заминувањето на Нејмар во ПСЖ, Барселона бара напаѓач кој најдобро би можел да го замени Бразилецот.
Откако три пати беа одбиени за Кутињо и Дембеле и не успеаја да се договорат со Сери од Ница, „каталонците“ планираат да испратат понуда за најдобриот фудбалер на Наполи, напаѓачот Лоренцо Инсиге.
„Ми годи тоа што медиумите ме селат во Барселона, доколку не го донесат Кутињно. Но, мојот сон е секогаш е да победувам носејќи го овој дрес. Секако, сите фудбалери сонуваат да играат во Барселона, но јас сонувам засекогаш да играм во Наполи“, вели Инсиге.
Покрај Барселона, Инсиге беше поврзуван со трансфер во Челси, ПСЖ и Манчестер Сити, но сепак тој ќе остане „верен“ на Наполи.
Извор: Спортски