30.8 C
Skopje
Friday, June 21, 2024

Роналдо на инстаграм „плачеше“ за суспензијата од пет натпревари а Лукаку го тролаше: МЕСИ Е ПОДОБАР ПРИЈАТЕЛЕ… (ФОТО)

Кристијано Роналдо се огласи на социјалните мрежи откако му беше одбиена жалбата за суспензијата од пет натпревари, Португалецот беше истролан од Ромелу Лукаку

ЦР7 доби голема казна поради тоа што на дуелот со Барса на Камп Ноу во Суперкупот на Шпанија го турна судијата откако му беше покажан втор жолт картон за симулација.

Реал Мадрид достави жалба, но таа вчера беше одбиена па Португалецот нема да биде во комбинација за воведните четири кола од Примера.

Кристијано Роналдо вчера се огласи на социјалните мрежи и на Инстаграм напиша: „Уште една несфатлива одлука. Неправда по непревда, но нема да ме уништат. Како и секогаш, ќе се вратам посилен. Ви благодарам на сите за поддршката”.

Секако, ѕвездата на „Кралевите“ доби многу коментари со поддршка од следбениците, но во исто време беше истролан и од Ромелу Лукаку.

Помеѓу илјадниците постови се најде и оној на фудбалерот на Манчестер јунајтед, кој напиша: „Меси е подобар пријателе…

lukaku RONALDO MESSI Soccer

Но многумина веруваат дека овој коментар не е од Белгиецот, туку од некој кој му го хакнал акаунтот и решил малку да си мајтапи.

поврзани објави

Последни објави