Морган Фриман е еден од најуспешните и најценети актери во Холивуд. Додека бил млад имал многу обиди да стане актер, но никогаш не му успеало. Голмиот успех го доживува во 50-тите години. Иако, доцна се случува тоа не е нешто на кое е огорчен.
Еве неколку цитати во однос на тоа, неколку негови живтно лекции.
„Успехот ќе дојде кога ќе дојде. Имав 30-годишна кариера, што и не е така лошо. Често мислам дека имав среќа. Да имав толку голем успех порано во животот, веројатно ќе ме изгореше“.
„Морам себеси да се потсетувам дека на некои птици местото не им е во кафез. Нивните перја премногу светат. И кога ќе одлетаат, дел од вас кој знае дека победил само во оној момент кога ги затворил, всушност почнува да се радува“.
“Кога сте го направиле својот избор, просветлувањето е ваш водич. Добро или лошо не важно бидејќи вашата судбина лежи во тоа“.
„Ние луѓето повеќе се грижиме за тоа што го имаме, отколку за тоа какви личности сме“.
„Секогаш им велам на децата, ако паднат долу, луѓето ќе ги газат и ќе поминат преку нив. Ако станат и продолжат да се качуваат, некој ќе им пружи рака. Но, мораат да продолжат да танцуваат, оти само така стапалата ќе научат да се движат.“
„Јас морам да кажам дека животот беше добар кон мене. Сега моја задача е да бидам јас добар кон него. А како да го постигнам тоа? Да го живеам!“
„Учете како да постигнете мир, како да бидете мирни и да му дозволите на животот да се случи – тој мир блеска!“
„Имало чувства кои требало да се премолчат и имало луѓе кои никогаш не требало да бидат сакани.“