30.8 C
Skopje
Thursday, June 20, 2024

СДСМ: Јакимовски е виновен за хаосот во Карпош, интересите на граѓаните мора да бидат заштитени

 

„Стевче Јакимовски потворно не одговори на поставените прашања и наместо да ги обвинува граѓаните за хасот во својата Општина повторно во свој препознатлив стил упатува низа клевети и шири невистини.

Го потсетуваме градочалникот Јакимовски дека граѓаните дават мандат но истите тие граѓани земаат мандат!

За хаосот во општина Карпош не се виновни граѓаните туку арогантното, несовесно и неодговорно однесување на Стевче Јакимовски, партнерот на Никола Груевски.

Бараме јавната расправа за ДУПот во Карпош 3 веднаш да биде прекината до завршување на локалните избори. Последно маатлско катче и зеленило мора да биде заштитено од профитерските намери на Јакимовски, во интерес на граѓаните.

Во однос на изнесените лаги и клевети од страна на шефот на кабинет Љупчо Пренџов и Општина Карпош, упатени кон претседателот на Општинската организација на СДСМ, очекуваме извинување и повлекување, во спротивно ќе следува судска постапка, согласно законите“ се вели во соопштението на СДСМ.

поврзани објави

Последни објави