30.8 C
Skopje
Friday, June 21, 2024

Јоци: Шоферите и кабинетот на Жерновски возат приватни Мерцедеси, БМВ џипови, Фолксваген Фаетон и безобразно скапи коли од 40.000 до 70.000 евра

Шоферите на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, се центарски шерифи, обвини и политикологот Јорданка Ивановска – Јоци. Неколку дена таа бара одговори како Жарко Пачемски, поранешен камерман, успеал да се смести во луксузен „фолксваген“ и од каде му е смелоста „да ги убедува луѓето во Македонија, од кои половината се возат со бус, дека луксузен „фолксваген“ за некој со 30.000 плата месечно пример, е нешто нормално да возиш.“.

-Јас, да речеме, знам скопски газди, кои по 15 год.работа и ‘рмбање, си дозволија ваков автомобил. Дури и јас, по 17 годишен стаж, не успеав ни приближно нешто вакво да купам. Поточно, никакво, возам кола од 1995. Но, и покрај долгометражниот „филм“ кај него на профил, не одговорил на многу побитни прашања – што возел претходно како камерман, колку чини „фејтонот, дали е купен или подарен, колку плата зема“, пишува Јоци.

На фотографиите што ги објави е претставен возниот парк на Жарко Пачемски, поранешен камерман, Бојан Симоновски и Горан Ефремовски, возачи во општна Центар.

Јоци

поврзани објави

Последни објави