Откако го запишаа најголемиот клуспки фудбалски успех со пласманот во групната фаза во Лига Европа, вардаровите фудбалери не можат да ја запрат еуфоричната радост по испишувањето на историјата.
Вардарци синоќа прославија на аеродромот, но попладнево на Боемска улица во Дебар Маало еуфоричното расположение и радоста продолжи со спектакуларно славје. Боемска попладнево ечи од песна, а вардарци во еден глас ја отпеаа „Ој Вардаре Македонски“. Емоциите по историскиот успех и по втората победа во Истанбул со кој заверија европска есен допрва ќе излегуваат на виделина, особено што Македонија дочека да види и фудбалски успех.
Црвено-црните ги дознаа и ривалите со кои ќе се соочат во слендите три месеци, руски Зенит од Санкт Петербург, шпански Реал Сосиедад и норвешки Розенборг.